Мамиќ сè уште раководи со Динамо Загреб: Јас го купив Бочкај

Динамо Загреб пред неколку дена се пофали дека го купил Петар Бочкај од Осијек.

Модрите му платија три милиони евра на големиот ривал и со тоа го донесоа еден од најдобрите играчи во Хрватска, со што покажаа дека и понатаму немаат конкуренција.

Некогашниот сопственик на Динамо, Здравко Мамиќ, кој е во бегство во Босна и Херцеговина, се пофали дека тој го направил овој трансфер.

„Јас го купив Петар Бочкај и тоа е само почеток“, се пофали Мамиќ.

Тој е гонет од хрватските власти за наводно перење на над 15 милиони евра преку хрватскиот првак и треба да отслужи затворска казна од шест и пол години.

Во бегство исто така е и неговиот брат Зоран Мамиќ кој првично е осуден на четири години и осум месеци затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести