Манасков: Ако играме вака, нема кој да нѐ победи и во Суперлигата

Ракометарите на Пелистер уште еднаш покажаа дека можат рамноправно да се носат со европските великани во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион го запиша второто реми оваа сезона, играјќи нерешено против силниот состав на ПСЖ.

Херој на битолчани во самиот финиш беше Дејан Манасков, кој со погодок во последните моменти ги постави конечните 34-34. Воедно, ова беше и последниот натпревар на Пелистер на домашен терен во овосезонското издание на Лигата на шампионите.

„Беше навистина неизвесен и динамичен натпревар, кој можеше да заврши и во наша корист, но и со пораз. Сепак, во самиот финиш успеавме да постигнеме гол и да освоиме бод.Сметам дека се претставивме во одлично светло на последниот домашен меч оваа сезона во Лигата на шампионите во Битола. Ова е насоката по која треба да се движи тимот и во домашното првенство. Кога играме на вакво ниво и со поддршката од нашата публика, навистина е тешко некој да нè победи во Суперлигата. Потребно е само повеќе самодоверба и помалку технички грешки во клучните моменти“, изјави Манасков.

- Оглас -

Најнови вести