Шпанија го мерка редовниот муштерија Тунис

Саутемптон – Манчестер јунајтед (Премиерлига, 13.30 часот)

Манчестер јунајтед очекуваше многу подобар старт од учинокот од 4 бода по три кола, па време е „црвените ѓаволи“ да почнат да победуваат во серија.

Денеска ќе гостуваат на „Сент Мери“, стадион на кој не се поразени на последните 11 гостувања, што им дава надеж дека можат да го победат Саутемптон.

Оле Гунар Солскјер има многу проблеми на стартот на сезоната, а повторно не се реши загатката со Пол Погба. Францускиот репрезентативец игра за Јунајтед, но сака да си замине, што е лоша ситуација за клуб од рангот на Манчестер. Повреден е Марсијал, отустни ќе бидат и Шо и Бејли, па ситуацијата не е „розова“ кај гостите. Но, сепак имаат квалитет да се издигнат над проблемите и да забележат добар резултат.

Саутемптон успеа да ја прекине стартната мини-серија од два порази со триумф против Брајтон на гостински терен и сега со повеќе оптимизам го чека второто големо искушение во првите четири кола, по дуелот што го загуби против Ливерпул со 1:2.

Австриецот Ралф Хазенхитл има интересна визија и сака неговите тимови да играат офанзивен фудбал, но и ќе мора да внимава, бидејќи Манчестер има брзи и итри офанзивци. Проблем за домаќините е што нема да игра засилувањето Муса Џенепо и стандардниот Натан Рејмонд. Ингс се врати од Ливерпул и од него се очекуваат голови, а ние ќе прогнозираме дека ќе ги има на двете страни и дека гостите нема да загубат.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.20)

 

Шпанија – Тунис (СП кошарка, 14.30 часот)

Шпанците се меѓу главните фаворити на Мундијалот во Кина, иако ќе играат без првата ѕвезда, Пау Гасол, кој е повреден. И без него имаат многу квалитетен состав кој игра долго заедно.

Серхио Љуљ ќе ги предводи на патот кон евентуален пласман во завршницата, а тука се и НБА ѕвездите Марк Гасол, Рики Рубио, Хуан и Вили Хернангомес, потоа и искусниот Руди Фернадес. Доволно за да бидат рангирани во групата главни фаворити за пехарот на Мундијалот во Кина.

Тунижаните имаат двајца кошаркари кои отскокнуваат со квалитетот. Тука е натурализираниот кошаркар на Макаби Тел Авив, Мајкл Рол и нивната најголема ѕвезда, Салах Мејри, кој игра во НБА лигата за Далас маверикс. Сите останати кошаркари се од домашното првенство, што е недоволно да и се спротивстават на Шпанија.

Досега двете селекции играа двапати меѓусебе и Шпанија славеше убедливо на двата меча. И што е најинтересно ги доби сите четири четвртини на дуелите играни во 2012 и 2017 година, па ќе типуваме дека повторно ќе биде така и денеска во „Гимназиум“ салата во Гвангжу.

Предлог тип: 1 Q1-Q4 (1.70) Квота на денот на Sport Life

 

Осасуна – Барселона (Ла Лига, 17 часот)

Во Памплона денеска ќе биде вистински фудбалски празник за новиот шпански прволигаш, бидејќи гостин е шампионот Барселона.

Лео Меси речиси сигурно нема да игра, поради повредата на листот на ногата, а отсутни ќе бидат и останатите двајца офанзивци кои се стандардни, Луис Суарес и Осман Дембеле. Товарот пак ќе падне на Антоан Гризман, кој блескаше на претходниот меч со два гола и асистенција против Бетис.

Францускиот ас веројатно игра и полесно без главните ѕвезди на Барса, има повеќе простор и слобода во играта и повторно потврдува дека е светска марка и дека е еден од најдобрите напаѓачи на планетата.

За Осасуна големо прашање е како да се игра против Барселона, екипа што на последните три меча им даде неверојатни 17 гола, а прими само еден. Двапати Каталонците ја почестија Осасуна со седмици и веројатно сега, поучени од лошото искуство домаќините ќе играат позатворено.

Барса може да има проблеми да го разбие бункерот на домаќините, но сепак има квалитетни играчи да победи и без Меси, Суарес и Дембеле.

Предлог тип: Т2 1+I& 1+II (2.25) Квота на денот на Sport Life

 

Хјеон Чунг – Рафаел Надал (УС опен, 19.30 часот)

Јужнокореецот ќе има проблем против еден од главните фаворити на турнирот и од една посебна причина. Чунг досега одигра пет меча на САД опен, бидејќи мораше да го мине и квалификацискиот циклус од три натпревари.

И потоа на главната сцена одигра два драматични маратони во пет сета, што ги доби против Ескобедо и Вердаско со по 3:2. И на двата мораше да се спасува со пресврти, а особено магичен беше тој против Шпанецот, откако во првите два сета освои само 3 гема.

Надал сосема спротивно од Чунг, одигра само еден цел меч досега и брзо го елиминира Милман, за потоа да мине без игра во следното коло, бидејќи Танаси Кокинакис му го предаде мечот поради повреда на рамото.

Фаворитот се знае, Надал е неспоредливо поквалитетен тенисер, но интересно е што на двата досегашни меѓусебни дуели со Чунг се мачеше во првиот сет. Ги доби двата со по 2:0, а ние ќе типуваме дека Надал повторно ќе победи, но во првиот сет Чунг ќе успее да стаса барем до 3 гема, односно дека на стартот ќе има вкупно од 9 до 12 игри.

Предлог тип: 2&9-12 SET 1 (1.95) Квота на денот на Sport Life

 

Јувентус – Наполи (Серија А, 20.45 часот)

Јувентус е супериорен во Италија, нанижа 8 титули по ред, но Наполи му ја фрли ракавицата за оваа сезона. И се чини дека има доста причини за оптимизам дека ќе биде екипата што ќе ја прекине апсолутната доминација на гигантот.

Гостите имаат многу квалитетни офанзивни решенија, во клубот останаа Мертенс, Инсиње, Калјехон и Милик, дојдоа Елмас и Лозано, па нападот нема да биде проблем за вицешампионот. Средниот ред е стандарден и тука немаше преголеми промени. Одбраната се засили со Манолас, кој игра во тандем со Кулибали и според експертите тоа е еден од најдобрите стоперски тандеми во Серија А, па и во Европа.

Јувентус не остави ништо на случајноста, па дополнително се засили, а примарна цел ќе биде атак на европската круна. Роналдо одлично ја прегрме првата сезона во Калчото и ќе биде голем адут за Јуве во битка на сите фронтови.

Старата дама го купи одличниот и млад стопер на Ајакс, Матијс де Лихт, кој денеска речиси сигурно ќе биде стартер. Се вратија и Игуаин и Буфон, а пристигнаа и младите Демирал и Рабио, заедно со искусниот бек на Манчестер сити Данило.

Јувентус е супериорен во меѓусебниот биланс со Наполи, има 83 победи и 38 порази, но во последно време имаше доста проблеми со брзата игра на итрите играчи од Неапол, иако наоѓаше победнички рецепт.

Вечерва голем хендикеп за двете екипи е што нема да играат Кјелини кај Јувентус и Милик за Наполи, но ќе типуваме дека дербито ќе биде ефикасно со доста голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.60) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести