2857 Падерборн – Вердер (ДФБ Покал, Германија, 18 часот)
Ова е многу интересен меч на двете екипи што лани доживеаја вистинско фијаско во националниот Куп на Германија и испаднаа веднаш на стартот.
Поразот на Падерборн во Дрезден од Динамо беше изненадување, а неуспехот на Вердер и поразот од 2:0 на гости кај Оснабрик беше вистинска сензација бидејќи тимот од Бремен е втор најтрофеен германски клуб во ДФБ покалот со шест пехари, само зад Баерн со 20 титули.
Во првото коло во ова издание на Германскиот куп, Падерборн со 10:0 го декласираше нисколигашот Ајнхајт Вернигероде, а тимот од Бремен славеше со 2:1 на гости кај Енерџи Котбус.
Вердер има многу поголемо реноме во германскиот фудбал од Падерборн, а нивните дуели во последно време и во Бунделсигата и во Цвајта беа празник за очи, со многу голови.
На пет од последните шест меѓусебни пресметки на овие две екипи имаше минимум четири гола, а ќе типуваме дека ќе има нова голеада и денеска во второто коло од Германскиот куп.
Предлог тип: 4+ (2.30)
1305 Кадис – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 19 часот)
Кадис е една од трите екипи во Ла Лига што сè уште не победила дома во новото првенство и тоа се одразува на позицијата на табелата, а тоа е претпоследното место само со шест бода по 9 кола.
Бетис игра скромно на гости и има три меча по ред без триумф и нема дадено гол над 250 минути кога игра на страна.
Тоа е најголемиот проблем на тимот од Севилја, кој има големи амбиции сезонава, откако во ланското издание го крена пехарот во Копа дел Реј.
Зелено-белите во последните неколку години градат тим што ќе може да конкурира за титулата во Шпанија, а сега реално амбициите се да се игра во Лигата на шампионите.
Бетис има подобар тим од Кадис барем за една класа, иако домаќинот знае да одигра цврсто.
Тимот од Севилја ја има неверојатната традиција зад себе во дуелите со денешниот домаќин и не загубил како гостин во Кадис од 1989 година, кога беше 4:0 за денешниот ривал. Серијата оттогаш е 8:0 во сите натпреварувања кога Бетис му е гостин на Кадис.
Овде двојката е реална и Бетис не би требало да има преголеми проблеми пак да победи на „Мирандилја“ во Кадис.
Предлог тип: 2 (2.15)
1005 Ливерпул – Вест хем (Премиер лига, Англија, 21.15 часот)
Ливерпул ќе игра на крилјата на блескавиот триумф против шампионот Манчестер сити, што го врати победничкиот дух на „Енфилд роуд“, иако и проблемите се зголемуваат.
Им се повреди Диого Жота и тој сигурно ќе паузира еден месец, можеби и повеќе. Претходно тоа му се случи на Луис Дијас, а против Вест хем нема да играат и Матип, Конате, Кејта, Окслејд-Чембрлен, дел од нив и поодмна отсутни од тимот.
Вест хем имаше лош старт на новата сезона, но полека влезе во ритам и сега е во серија од пет меча без пораз, четири од нив победи, сметајќи ги и дуелите во Премиер лигата и во Конференциската лига на УЕФА.
На 7 меча по ред, Чеканите не го победиле Ливерпул на „Енфилд роуд“, типуваме дека нема да успеат ниту денеска, а ќе одиграме похрабро дека домаќините ќе го решат мечот со гол(ови) во второто полувреме.
Предлог тип: Х-1 (4.40)
3737 Удинезе – Монца (Копа Италија, 21 часот)
Двата прволигаши ќе играат нокаут-меч во третото коло на италијанскиот Куп, или познат како Копа Италија.
И Удинезе и Монца се во одлична форма, а особено тоа се однесува на Зебрите од Удине, кои немаат пораз на 9 меча по ред и се хит во Италија.
Се очекува Илија Несторовски конечно да добие поголема минутажа бидејќи и сезонава малку игра за Удинезе.
Монца е нов прволигаш и полека се навикнува и на Калчото, а ќе бара шанса денеска да изненади и во Купот на Италија.
Сепак, Удинезе е во страшен ритам и има подобар состав и поширок ростер, па макар и да игра со комбиниран тим против Монца.
Предлог тип: 1 (1.56)
1136 Манчестер јунајтед – Тотенхем (Премиер лига, Англија, 21.15 часот)
Тотенхем со победа ќе остане во трката за титулата, а таков исход и пораз на Манчестер јунајтед и дефинитивно би ги отпишал Црвените ѓаволи.
Но, тоа е потешко да се каже, отколку да се оствари, бидејќи „Олд Трафорд“ секогаш бил еден од бастионите на англискиот фудбал каде тешко се освојуваат бодовите.
И Тотенхем не е исклучок, иако тимот од Манчестер го нема сјајот од казнената експедиција во ерата на Сер Алекс Фергусон.
Ова е едно од големите дербија на големата шесторка на англискиот фудбал и се очекува врвен фудбал и ако се почитува традицијата и многу голови.
На шест од последните 7 меча меѓу Црвените ѓаволи и Спарс имаше голови во двете мрежи, а тоа е напиот избор и за денешниот дуел.
Предлог тип: ГГ (1.55)