Манчестер доби „зелено светло“: Ќе потроши 145 милиони евра за двајца од Бундес лигата

Манчестер јунајтед ја има најлошата сезона во историјата на Премиер лигата. Тимот кој е најтрофеен во англиското првенство, сега е на два бода од зоната за испаѓање. Очајно делуваат 10-те освоени бода во осум меча, па претседателот на клубот, Ед Вудворд знае дека мора да се реагира.

Најавено е дека во зимскиот преоден рок, Манчестер има подготвени 145 милиони евра за две засилувања од германската Бундес лига. На листата на можни нови играчи на Црвените ѓаволи се искусниот Томас Милер од Баерн Минхен и талентираниот Каи Харверц од Баер Леверкузен.

Милер веќе подолго време е на мета на Манчестер, а сега трансферот е многу веројатен, ако се знае дека германскиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим кај тренерот Нико Ковач. Ако за Милер можи да се очекува да пристигне на „Олд Трафорд“, тогаш акцијата за доведување на Харверц е многу потешка.

Талентираниот 20-годишен играч го проценуваат на 100 милиони евра, сума која Манчестер и би можел да ја плати за офанзивецот од кого се очекува да биде се подобар во следниот период.

Манчестер денеска гостува кај Норич, во обид да стигне до првата победа на гости во Премиер лигата сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести