24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Манчестер донесе радост на „Олд Трафорд“, сите пет меча беа 0-2 гола и НГ комбинација

Манчестер јунајтед со 2:0 го победи Тотенхем во меч од 12-тото коло во Премиер лигата за радост на фановите на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи упатија вкупно 28 удари кон гостинскиот гол, но дури во второто полувреме го скршија отпорот на Тотенхем.

Фред погоди во 47-мата минута по асистенција на Санчо, а сите дилеми околу победникот беа решени кога Бруно Фернандеш погоди во 69-тата минута за 2:0. Тотенхем беше целосно инфериорен и едноставно гостите од Лондон заслужено си заминаа со „празни раце“, односно без бодови.

Во петте денешни дуели кои се играа во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е единствниот кој даде два гола, но и на овој меч продолжи тоа што започна на првите четири средби, а тоа е дека завршија со 0-2 погодоци и еден од двата тима не постигна гол.

 

- Оглас -

Најнови вести