Манчестер двапати губеше, но на крајот помина во следното коло на Лига купот

Интересен меч со многу пресврти и на крајот победа на домаќинот се одигра на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед со 4:2 славеше над Астон вила и се пласира во осминафиналето на Лига купот, а интересно е дека сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме.

По мирниот прв дел во кој немаше голови, Воткинс во 48-мата минута ја отвори серијата погодоци и донесе радост за гостите од Бирмингам. Марсијал израмни на 1:1 веќе во следниот напад, но Астон вила не се предаде и повторно поведе. Далот си постигна автогол за 2:1 за гостите, а Рашфорд израмни во 67-мата минута.

Голот вреден победа за Црвените ѓаволи и пласман во следната фаза го постигна Бруно Фернандеш во 78-мата минута, а триумфот до потврди Мектоминеј со погодокот во 90+1 минута.

- Оглас -

Најнови вести