Манчестер е фаворит против Брајтон, но постои една ГОЛЕМА опасност за гостите

Додека Ливерпул слави титула во Премиер лигата, нивниот најголем ривал Манчестер јунајтед е пред голем предизвик до крајот на сезоната. Црвените ѓаволи заостануваат пет бодови зад Челзи, кој е на посакуваната четврта позиција, која води излез во Лигата на шампионите за следната сезона. Тоа значи дека Манчестер јунајтед ќе мора да победува ако сака да стигне до место во ЛШ.

Денешниот предизвик за Манчестер ќе биде на гостувањето кај Брајтон. Тоа е тим кој е во долниот дел од табелата и фокусот е да се обиде да се спаси. Брајтон е солиден домаќин и има само четири порази во 15 меча на свој терен. Во корист на домаќините е и традицијата со Манчестр јунајтед.

Англискиот гигант досега два пати гостувал кај Брајтон и два пати загубил во Премиер лигата. Тоа е дополнителен предизвик за Манчестер да покаже дека може да освои бодови на ова гостување, против клубот кој вкупно го има победено четирипати во последните шест меѓусебни средби.

Манчестер е во низа од 14 средби без пораз во сите натпреварувања, а Брајтон одлично започна по принудната пауза и успеа да го победи Арсенал со 2:1, а потоа откина бод на гостувањето кај Лестер. Манчестер ќе има ѓаволски тешка задача да победи вечерва, но сепак се очекува трите бода на крајот да завршат на „Олд Трафорд“.

Ова е можниот состав со кој Манчестер треба да настапи вечерва на гостувањето кај Брајтон.

 

- Оглас -

Најнови вести