31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Манчестер гази на гости, а денес ќе игра против најслабиот тим во лигата

1010 Шефилд јунајтед – Манчестер јунајтед (21 ч.)

Сите факти најавуваат победа на Црвените ѓаволи. Манчестер јунајтед е најдобриот тим на гостински терен со пет победи во пет меча, додека Шефилд е екипата со најлош старт во англиската елитна лига во последните 90 години и има само еден освоен бод во 12 дуели. 

И традицијата во меѓусебните дуели покажува кој е фаворит. На седум од последните осум дуели, Манчестер се радувал на победа. Реално Шефилд нема шанси, па иако фудбалот не еднаш покажал дека чуда се случуваат, овојпат не очекуваме такво нешто.

Предлог тип: 2-2& 2+ (2.60) – квота на денот во Sport Life

 

1009 Астон вила – Барнли (19 ч.)

Астон вила имаше одличен старт со две победи на свој терен, и тоа едната беше историска против Ливерпул од 7:2. Сепак, по тој триумф, тимот од Бирмингем нареди три порази на својот стадион, па дуелот против Барнли е како порачан за да се врати самодовербата.

Барнли ги има вториот најслаб напад во лигата (шест гола во 11 меча) и реално ќе биде успех ако остане непоразен на ова гостување.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

3010 Рома – Торино (20:45 ч.)

Ако сака да го задржи чекорот со горниот дел од табелата, Рома ќе мора да победи на „Олимпико“. Торино го има еден од најслабите стартови во последните години и само со шест бода од 11 меча е на делба на последното место на табелата.

Одбраната е најкритичниот дел на гостите. Торино е тимот кој примил најмногу погодоци сезонава (27), па затоа нема многу ефект од 19-те постигнати гола. Ако се знае дека и Рома има добар напад, може да очекуваме отворен меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.74)

 

1663 Мехелен – Бриж (20:45 ч.)

Првиот фаворит за титулата во Белгија гостува кај екипата која ќе се бори за опстанок. Мехелен дома има само една победа во осум средби, додека Бриж е најдобар тим на гостински терен. На последните четири меѓусебни средби имало дури 18 погодоци, односно 4,5 по средба, што е најава за ефикасен дуел, а секако гостите се големи фаворити за освојување на трите бода.

Предлог тип: 2&3+ (2.35)

 

2437 Динамо Букурешт – Клуж (19:30 ч.)

Клуж е речиси перфектен на гости и има пет победи, едно реми и е без пораз, ова дефинитивно ќе биде еден вистински предизвик. Динамо лошо стартуваше, а сега има четири победи во низа и тимот е во одлична форма. Традицијата вели дека Клуж победил на пет од последните шест меча со овој ривал, но сега може да биде поинаку.

Двете екипи сигурно ќе атакуваат на трите бода, а тоа може да биде поттик да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

- Оглас -

Најнови вести