Манчестер ги елиминираше Арсенал и Челзи, а сега пак немаше среќа во ждрепката

Манчестер јунајтед продолжува со блескавите партии во Англија. Најтрофејниот англиски клуб синоќа успешно помина уште една задача. На „Стемфорд бриџ“ во Лондон го победи Челзи во ФА купот и на тој начин се пласираше во четврт-финалето од најстарото клупско натпреварување во светот. За „црвените ѓаволи“ ова беше 11-та победа во 12 меча во англиските натпреварувања (има и едно реми) откако на клупата дојде Оле Гунар Солскјер.

Со оваа победа, Јунајтед заедно со градскиот ривал Манчестер сити останаа главни фаворити за трофејот. Сепак, Јунајтед повторно немаше среќа во ждрепката, па во следното коло ќе треба да гостува кај Вулверхемптон, тим кој може да биде многу опасен.

За разлика од Јунајтед, Сити доби полесна задача и ќе игра на гости кај Свонси, додека во останатите два меча ќе играат Ватфорд – Кристал палас и Милвол – Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести