Манчестер го врза Гарначо до 2028, нема да го пушти да игра на Светско првенство

Младиот аргентински фудбалер, Алехандро Гарначо, потпиша нов договор со Манчестер јунајтед, со важност до летото 2028 година.

Гарначо е 18-годишен и веќе има 31 настап за првиот тим на Црвените ѓаволи.

Иако беше повикан во У-20 селекцијата на Аргентина која треба да игра на младинското Светско првенство од 20-ти мај до 11-ти јуни, Гарначо нема да биде дел од Гаучосите.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не сака да го ослободи Гарначо, а главната причина е можноста да се освои трофејот во ФА Купот. Финалето против Манчестер Сити е на 3-ти јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести