Во катедралата во Манчестер се собраа 1.000 гости кои[to присуствуваа на погребот на Сер Боби Чарлтон, кој за многумина е најдобриот англиски фудбалер на сите времиња.
Во чест на легендата на Манчестер јунајтед и светскиот фудбал имаше и илјадници граѓани и навивачи коишто сакаа да го проследат последното испраќање на Сер Боби. Почит даде и принцот Вилијам, кој е претседател на Фудбалската асоцијација. Чарлтон беше ценет од сите и неговата важност ги надминува границите на спортот во Велика Британија.
Поворката со телото на Чарлтон помина и покрај „Олд Трафорд“, каде што има негова статуа, а и таму многу фанови оставаа цвеќиња.
Дојдоа целиот тим на Манчестер јунајтед, англискиот селектор Герет Саутгејт и многу други поранешни играчи на Манчестер, но и играчи на ривалски тимови. Се разбира, дојде и најтрофејниот тренер во историјата, Сер Алекс Фергусон, кој рече дека поради Боби дошол во Јунајтед во 1986 година.