Манчестер и Арсенал ќе дадат гол на „Олд Трафорд“, Спортинг конечно ќе победи

Манчестер јунајтед – Арсенал (21 ч.)

Како шлаг на ова коло во Англија, остана големото дерби на „Олд Трафорд“. Оле Гунар Солскјер има големи проблеми околу составот и сигурно нема да играат Марсијал, Џонс, Бејли, додека неизвесни се Погба, Рашфорд и Шо. Арсенал ќе биде без повредениот Лаказет.

Манчестер нема пораз од Арсенал на последните 12 средби на свој терен (8 победи и 4 ремија). Арсенал последен пат се радувал во септември 2006 година, кога победи со 1:0. Надеж за Топчиите е слабата форма на Манчестер. Црвените ѓаволи загубија трипати во последните шест меча на свој терен (две победи и едно реми), исто колку што загубија во претходните 52 средби на „Олд Трафорд“ (32 победи, 17 ремија, три порази).

Пјер-Емерик Обамејанг е во одлична форма и даде 12 гола во последните 12 меча што ги играше како стартер за лондонскиот тим. Џеси Лингард има постигнато четири гола против Арсенал и тој може да биде адутот за домаќините. На последните 12 меѓусебни средби, секогаш имало барем два гола.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

Хановер – Нирнберг (20:30 ч.)

Минатата сезона во Бундеслига, а сега во вториот дел од табелата во втората германска лига. Хановер е најслабиот тим на свој терен и уште ги нема израдувано фановите, но Нирнберг е како порачан. Традицијата вели дека Хановер има шет победи на свој терен во последните шест меча со овој ривал.

Нирнберг игра офанзивно, па затоа дава, но и прима голови. И Хановер сигурно ќе сака да ги израдува домашните фанови, па се очекува ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.15)

 

Парма – Торино (20:45 ч.)

По првите пет кола, двете екипи немаат ниту еден пораз. Торино е подобар бидејќи има три победи, а Парма е со два триумфи. Според кавлитетот на двете екипи, гостите треба да се поблиску до победата, но Парма пред своите симпатизери не смее да се потцени.

Кога игра Торино, во просек има по три гола на меч, па може да се очекуваат погодоци и вечерва.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.25)

 

Хорсенс – Есбјерг (19 ч.)

Две екипи кои се борат за опстанок во Данска. Хорсенс е домаќин, но Есбјерг знае како да победи бидејќи се радувал на последните четири меча со овој ривал. Одбраните се послаб дел на двете екипи, а Хорсенс пред своите навивачи во пет меча има четири порази.

Есбјерг на гости во четири дуели нема дадено ниту еден гол и не освои ниту еден бод.

Предлог тип: 1+I & 2+ II (3.35)

 

Aвеш – Спортинг (21:15 ч.)

Гостувањето на Спортинг е одлична можност тој повторно да се врати на победнички патеки. Гигантот од Лисабон има само еден бод во последните три меча, а Авеш е последен само со три бода и четири порази во низа.

Спортинг победил на четири од последните пет гостувања кај овој ривал, па и сега се очекува лесна двојка.

Предлог тип: 2-2 3+ (3.25)

 

- Оглас -

Најнови вести