Манчестер испиша уште еден негативен клупски рекорд

Манчестер јунајтед синоќа беше понижен на гостувањето кај АЗ Алкмар, иако холандскиот клуб не го победи англискиот гигант. Дуелот заврши без погодоци, а неверојатно е тоа што играчите на Манчестер јунајтед за 90 минути игра не успеаа да упатат ниту еден директен удар кон голот на АЗ Алкмар.

Тренерот на Црвените ѓаволи синоќа во стартниот состав беше со 11-мина играчи кои вкупно вредат 249 милиони евра, но тоа ништо не значеше бидејќи Манчестер делуваше немоќно против АЗ Алкмар. Ова беше првпат во клупската историја Манчестер да не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол на меч од Лигата на Европа.

Најтрофејниот англиски клуб има низа од 10 меча на гости без победа во сите натпреварувања.

Од последните 22 средби, Манчестер има само пет победи. И покрај очајната игра, тренерот Оле Гунар Солскјер е задоволен од прикажаното.

„Освоивме добар поен против силен ривал, иако требаше да победиме“, рече Солскјер по синоќешниот дуел.

На Манчестер јунајтед сега му следи уште едно гостување, и тоа во Премиер лигата кај Њукасл на „Сент Џејмс парк“.

 

- Оглас -

Најнови вести