23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Манчестер ј. ја доби драмата на „Олд Трафорд“ против Челзи (Видео)

Манчестер јунајтед со 2:1 славеше против Челзи во дербито на петото коло во англиската Премиер лига. По завршување на мечот, навивачите на Црвените ѓаволи конечно се израдуваа против еден дерби ривал.

По само пет минути, Челзи остана со фудбалер помалку, откако директен црвен картон доби голманот на гостите, Санчез. Во една таква ситуација, Манчестер јунајтед тргна многу поофанзивно и тоа резултираше со два погодоци во првиот дел.

Најпрво капитенот Бруно Фернандеш погоди за 1:0 во 14 минута, а искусниот Касемиро зголеми на 2:0 со погодокот во 37 минута.

Да не биде комотен Манчестер во вториот дел се погрижи Касемиро кој доби црвен картон во финишот од првиот дел, па во второто полувреме силите на теренот беа израмнети.

Во една таква ситуација, Челзи ја презема иницијативата и даде гол во 80 минута кога Чалоба погоди со глава. Сепак, гостите од Лондон немаа сили да дадат втор погодок и да се спасат од пораз на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести