Клубот кој доминираше во Премиер лигата на почетокот на 21 век, Манчестер јунајтед игра одлично. Популарните Црвени ѓаволи на својот “Олд трафорд” го победија Тотенхем со 2:0 и се зацврстија на четвртото место на табелата со 44 бодови. Тотенхем остана со бодови и е на 14-тата позиција во првенството.
Манчестер беше фаворит пред мечот, а работата за домаќините стана полесна кога Ромеро доби директен цевњн картон, па гостите останаа со фудбалер помалку и тоа по неполни 30 минути игра.
Во 38 минута домашните фанови се израдуваа кога Мбеумо го матираше голманот на Тотенхем за водство пд 1:0.
Домаќините продолжија да домонираат и во второто полувреме, а тоа со гол го круниса капитенот Бруно Фернандес погодувајќи за 2:0 во 81 минута.

