Манчестер ја загуби битката за доведување на Гакпо, па сега се фокусира на играч од Наполи

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпо, кој блесна на Светското првенство во Катар, во јануарскиот преоден рок од ПСВ Ајндховен ќе се пресели во Ливерпул. За Гакпо се интересираше и Манчестер јунајтед, а Црвените ѓаволи иако веруваа дека ќе го добијат потписот на овој талентиран фудбалер, на крајот останаа со празни раце.

Според најавите, Манчестер јунајтед веднаш тргнал со својот план Б, а тоа е да го доведе Виктор Осимен од Наполи. Нигерискиот офанзивец кој има 23 години игра во одлична форма и е еден од главните играчи во Наполи, тим кој се надева дека по повеќе од 30 години ќе стигне до титулата во Серија А.

Во 14 меча сезонава, Осимен има 10 гола и три асистенции, а неговата вредност на Трансфермаркетот се оценува на 70 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести