Маркус Рашфорд е јунакот на Манчестер јунајтед, откако со два гола во финишот, од кои само едниот беше признат, му донесе победа на Јунајтед од 1-0 на гостувањето кај Вулверхемптон.
Пред мечот, беше објавено дека Рашфорд поради недисциплина, е казнет да биде резерва, но влезе во игра во второто полувреме, и даде гол со кој се извади кај менаџерот Ерик Тен Хаг.
Црвените ѓаволи оваа календарска година ја почнаа на 3 јануари со пораз од 0-1 дома од Вулфс, а ја завршуваат со гостинска победа од 1-0 над истиот противник. Манчестер за првпат во својата историја, успева три пати по ред да победи на стадионот „Молињу“.
https://twitter.com/i/status/1609189002711539716