22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Манчестер јунајтед брзо ќе се продаде, Арапите се заинтересирани, а цената е изгор

Еден од сопствениците на Манчестер јунајтед, Аврам Глејзер денеска ќе го гледа мундијалското финале меѓу Франција и Аргентина и е на прагот да заврши уште една мисија, а тоа е продажбата на англискиот фудбалски гигант.

Главната цел на патувањето во Доха за Глејзер беше токму тоа, да најде заинтересиран инвеститор од арапскиот свет, пред се од Катар, или Саудиска Арабија што ќе го купи клубот.

Според „Атлетик“ најзаинтересирана е инвестициската банка „Рејн груп“ чија вредност се проценува на 4 милијарди долари, а ако сака да го купи Манчестер јунајтед би требало да плати меѓу 6 и 7 милијарди фунти.

Се проценува дека и покрај високата сума што ја бара семејството Глејзер дека Манчестер јунајтед ќе се продаде брзо и тоа во првиот квартал од 2023 година.

Црвените ѓаволи се 20-кратни англиски шампиони со што се и рекордери во својата земја, а имаат славна традиција и се еден од најпознатите и најценети светски спортски брендови.

Имаат и три пехари во Лигата на шампионите со што се седмиот најтрофеен клуб во луксузното европско клупско натпреварување, одлична инфраструктура и огромна база на навивачи во Англија, но и во целиот свет.

- Оглас -

Најнови вести