Бруно Фернандеш денеска треба да пристигне во Манчестер и да биде потврден како големо засилување на англискиот гигант. Англиските медиуми пишуваат дека Фернандеш треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише неколкугодишен договор.
Фантастичниот играч за врска веќе подолг период е на цел на најтрофејниот клуб во Англија, но досега немаше договор меѓу Манчестер и Спортинг. Сега се очекува тимот од „Олд Трафорд“ да плати 55 милиони евра за комплетирање на трансферот, а сумата може да достигне и дополнителни 25 милиони евра кои би биле дадени низ разни бонуси.
На Манчестер веќе подолго време му е потребен лидер во тимот, играч кој ќе направи спој на одбраната и нападот, а токму таков е Фернандеш. Се очекува Португалецот да го обелечe дресот со бројот 7, кој низ историјата го носеле многу легендарни фудбалери на Манчестер јунајтед.