Манчестер јунајтед десеткуван ќе го пречека Лестер

Предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се соочува со проблеми во пресрет на утрешниот дуел против Лестер во петтото коло од Премиер лигата. Норвежанецот ќе мора да состави тим во кој ќе ги нема Погба и Марсијал, кои се повредени, а покрај француското дуо не ќе може да смета ниту на Лингард, Шо, Ван-Бисака, Далот, и од поодамна Баи.

Погба се здоби со повреда на скочниот зглоб во пресрет на последната репрезентативна пауза, по што отсуствуваше од составот на Франција, додека Марсијал има болки во бутниот мускул и засега не се знае колку време ќе отсуствува.

По одличниот старот против Челзи во првото коло, Јунајтед нанижа три меча без победа во кои освои само два бода, а утре (16 часот) на „Олд трафорд“ им доаѓаат незгодните Лисици кои по четири меча имаат осум бода и се трети на табелата во Премиер лигата, веднаш зад Ливерпул и Манчестер сити.


.

- Оглас -

Најнови вести