2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Манчестер јунајтед доби нов голман и нов капитен, Интер убаво ќе се офајди

Шпанскиот голман Давид де Хеа по 12 години поминати во дресот на Манчестер јунајтед, летово си замина од „Олд Трафорд“. Веќе е јасно дека негова замиена ќе биде Андре Онана.

Камерунскиот голман кој во претходната сезона беше на голот на Интер, а Аѕурите за овој трансфер ќе заработат 52,5 милиони евра, а има и потенцијален бонус од пет милиони евра. Онана бранеше во Интер само една сезона кога дојде како слободен играч од Ајакс. Тоа значи дека италијанскиот гигант за само една година ќе заработи вистинско богатство од продажбата на Онана.

Според договорот, Онана ќе заработува по седум милиони евра по сезона. Овој голман во минатата сезона бранеше на 41 меча за Интер и прими само 36 погодоци. На 19 средби успеа да ја сочува мрежата незатресена, што беше одлична препорака да дојде на „Олд Трафорд“.

Англискиот гигант добива и нов капитен за следната сезона, а тоа ќе биде Бруно Фернандеш. Португалецот минатата сезона пропушти само еден меч во Премиер лигата и беше вистински лидер на теренот. Се очекува Бруно и официјално да биде промовиран во главен капитен на пријателскиот дуел против Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести