Манчестер јунајтед двапати го победи Арсенал, на стадионот никогаш порано немало толку публика (Видео)

Екипата на Манчестер јунајтед се покажа како подобра од Арсенал на пријателскиот меч во Њу Џерси. На „Метлајф“, имаше 82.262 гледачи, што е рекордна посета на овој стадион за еден фудбалски натпревар, а публиката уживаше, особено фановите на Црвените ѓаволи.

Средбата заврши со 2-0 за Јунајтед, стрелци беа новиот капитен Бруно Фернандеш и Џејдон Санчо, а откако судијата отсвири крај, менаџерите на тимовите, Ерик Тен Хаг и Микел Артета, се договорија да има и пенал серија.

И во пеналите подобар беше Манчестер кој ги реализираше сите пет удари од белата точка, а кај Арсенал не погоди Фабио Виеира во четвртата серија.

Ова е голот на Санчо, кого спикерот на стадионот двапати го прочита Санчес:

https://twitter.com/i/status/1682870277598838790

- Оглас -

Најнови вести