Манчестер јунајтед е чудо во Лигата на Европа

Фудбалерите на Манчестер јунајтед по три кола во групата Л од Лигата на Европа, имаат седум бода, иако на овие три меча постигнаа само два гола.

Тимот на Оле Гунар Солскјер игра променливо, во Премиер лигата е на 14-тото место, додека во ЛЕ му оди добро и покрај хроничната неефикасност. Црвените ѓаволи постигнаа само два гола, но и тоа е доволно дури за 7 бода и прво место по три рунди. Две победи од по 1-0 и едно реми од 0-0 му7 донесоа челна пизиција во друштвото со АЗ Алкмар, Астана и Партизан.

Одбраната засега им носи добри резултати, а нападот не создава многу шанси, но имаат добра реализација. Против Партизан, Манчестер упати само еден гол во рамките на голот, а успеа да погоди од пенал. Фудбалот сепак се игра за голови и головите се единствената работа која носи бодови, особено ако се добро распоредени како во случајот со англискиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести