3035 Болоња – Парма (18.00 часот)
Ова е меч од осминафиналето на Купот на Италија, се игра еден меч и тоа е голема предност за Болоња, која е домаќин. Болоњезите пред три дена киксираа на свој терен против Кремонезе во дуел од Серија А и тоа е надеж за Парма дека може да оди по стапките на тимот од Кремона. Парма има само една победа на гости и тоа на последното гостување на 23 ноември, а Болоња пред мечот со Кремонезе немаше пораз на свој терен. Парма 13 години не победила на „Ренато дел Ара“.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.20)
3131 Ц. Ѕвезда – Чукарички (19.00 часот)
Првакот на Србија има два порази во последните пет кола и тоа е чудно со оглед на тоа колку беа доминантни во претходните сезони. Моментно Црвено-белите се втори, но ако победат вечерва, ќе се искачат на врвот на табелата. Ефикасноста е силното оружје на Ѕвезда, имаат постигнато 51 гол на 16 меча. Чукарички е шести и има само еден пораз во последните пет кола. Дека знаат да бидат опасни, докажува неодамнешната победа од 4-1 над Партизан. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи беа со 5+ голови и погодоци на двете страни.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.30)
1174 Манчестер ј. – Вест хем (21.00 часот)
Црвените ѓаволи се големи фаворити во овој двобој, но не затоа што играат којзнае како, туку Чеканите се слаби периодов. Вест хем има само 11 бодови од 13 меча и се бори за бегство од опасната зона, дека Јунајтед со победа ќе се вмеша во трка за местата кои водат во Лигата на шампионите. Ова се два непредвидливи тимови кои освоија по четири бода во последните три кола. Минатата сезона Вест хем двапати го победуваше Манчестер, а од средината на 2020 наваму, на дуелите на овие два тима секогаш има победник и често паѓаат 2-3 гола.
Предлог тип: 1–3 I & 1-3 II (1.82)
3636 Лацио – Милан (21.00 часот)
Само за еден од овие два тима ќе има место во четвртфиналето на Купот на Италија. Судејќи според резултатите во Серија А, Милан е во предност, но тоа може да биде и мотив плус за Лацио, кому Купот му е единствена шанса да освои нешто. Интересно е дека Орлите и Росонерите се сретнаа меѓу себе пред неколку дена во првенството, Милан победи со 1-0, а Лацио ќе има мотиви за реванш, особено поради недосудениот пенал во завршните моменти. Милан нема пораз на гостински терен сезонава.
Предлог тип: Х било кога (1.71)
4805 Крузеиро – Ботафого (23.30 часот)
Крузеиро е трет во бразилската Серија А и на две кола до крајот има обезбедено место во Копа Либертадорес, а титулата му е недофатлива. На Ботафого, кој е шести, бодовите му се потребни за да избегне квалификации за Либертадорес. Двата тима одамна не загубиле, па може да биде отворена борба со голови на двете страни. Инаку и Крузеиро и Ботафого сезонава имаат двоцифрен број нерешени резултати. Крузеиро, кој дома девет години не загубил од тимот од Рио, ги доби последните три меѓусебни дуели.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.30)

