37.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Манчестер јунајтед е најскапиот тим во историјата на фудбалот

Тимот на Манчестер јунајтед од минатата финансиска година е најскапа екипа во историјата на фудбалот, објави Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Манчестер јунајтед минатата сезона заврши на третото место во Премиер лигата, а триумфира во Лига купот во првата сезона под водство на менаџерот Ерик тен Хаг.

Холанѓанецот до овие резултати дојде со екипа за која управата плати 1,422 милијарда евра како отштета за играчите пристигнаа на „Олд трафорд“, објави УЕФА.
Во тимот на Јунајтед минатата сезона играа фудбалери како Антони за кого управата плати 95 милиони евра отштета, Хари Мегваер (93 милиони евра), Џејдон Санчон (85 милиони), како и Каземиро (82 милиони).

„Екипата на Манчестер јунајтед“ на крајот на финансиската 2023 година (пред почетокот на летниот преоден рок во 2023) и официјално е најскапа со комбинирани трошоци за трансферите од 1,422 милијарда евра“, стои во извештајот на УЕФА.

Манчестер јунајтед со ова ја надмина екипата на Реал Мадрид од 2020 година која чинеше 1,332 милијарда евра.

 

- Оглас -

Најнови вести