Манчестер јунајтед е подготвен да урне рекорд – Санчо ќе биде најскапиот играч во историјата на Премиер лигата

Манчестер јунајтед е подготвен да го урне сопствениот рекорд во Премиер лигата со ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Големиот талент на англискиот фудбал има само 19 години, а најавено е дека веќе ги договорил личните услови со Црвените ѓаволи и ќе има неделна плата од 250 илјади евра, или по еден милион месечно.

Манчестер јунајтед ќе мора да плати отштета од над 100 милиони евра, со што ќе се урне рекордот при ангажманот на Пол Погба од Јувентус, кога беа платени околу 100 милиони евра.

За Санчо постои огромен интерес и од неколку големи европски екипи, пред сè од Манчестер сити, но според „Телеграф“, трката ја доби градскиот ривал и налето ќе се случи рекордниот трансфер во историјата на Премиер лигата

- Оглас -

Најнови вести