Манчестер јунајтед е подготвен да плати 75 милиони евра за напаѓачот на Вулверхемптон

Манчестер јунајтед и напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња, веќе ги договориле личните услови, па за официјална промоција се чека и договорот на клубовите. Вредноста на Бразилецот на трансфер-пазарот е 55 милиони евра, но трансферот ќе биде многу поскап.

Куња има откупна клаузула од 62,5 милиони фунти, односно околу 75 милиони евра, па Манчестер јунајтед доколку сака да го ангажира, ќе мора да ја активира и да ја плати оваа сума.

Матеус Куња има договор со Вулверхемптон до 2029 година, а во редовите на премиерлигашот пристигна од Атлетико Мадрид пред две години за 50 милиони евра. Бразилецот оваа сезона има ефект од 17 гола и шест асистенции на 34 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести