2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Манчестер јунајтед е сигурица, голови ќе има во Шпанија, Италија и Турција (Фото)

1010 Манчестер јунајтед – Евертон (21:00)

Манчестер јунајтед е во серија од пет натпревари без пораз во Премиер лигата, па со евентуална победа над Евертон ќе се искачи на делба на четвртата позиција на табелата. За разлика од нив, Карамелите од Ливерпул играат променливо, а во меѓусебните дуели немаат победа уште од 2022 година. Црвените ѓаволи се во серија од осум меча без пораз против Евертон, а на шест од нив и победија.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

1310 Еспањол – Севиља (21:00)

Еспањол и Севиља го затвораат 13-тото коло од шпанската Ла Лига. Домашните се на шестата позиција со 18 бода, додека гостите се деветти со два поени помалку. Дуелот е значаен за двете екипи и токму затоа предлогот е да се одигра на голови. Во меѓусебните натпревари имаат низа од осум меча по ред на кои имало најмалку по два гола.

Предлог тип: 1+I и 1+II (2.00)

 

3009 Торино – Комо (18:30)

Ефикасен фудбал се очекува и од екипите на Торино и Комо во италијанската Серија А. Домашните се на 11-тата позиција, додека гостите на седмото место, па затоа головите се она што треба да се одигра. Квотата за 3+ е одлична и не смее да се пропушти.

Предлог тип: 3+ (2.30)

 

3010 Сасуоло – Пиза (20:45)

Сасуоло има седум повеќе од Пиза на табеата, но е и за осум позиции повисоко, па затоа фаворитската улога во нивниот меѓусебен меч им припаѓа на домашните. Она што е интересно за меѓусебните натпревари на овие две екипи е фактот дека никогаш не победил гостинот, секогаш победувал или домаќинот или мечот завршувал нерешено.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.78)

 

1959 Истанбул Башакшехир – Трабзонспор (18:00)

Интересен меч попладнево ќе се одигра и во турското првенство. Истанбул Башакшехир на домашен терен го пречекува Трабзонспор. Домашните се во втората половина од табелата и многу поблиску до опасната зона отколку до врвот, а гостите се трети со заостанување од седум бода од лидерот. Головите ќе бидат неизбежен декор на овој натпревар, а очекувањата се дека ќе ги има во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.08)

- Оглас -

Најнови вести