Остануваат точно 24 часа до почетокот на 22-рото коло на бесплатната игра на Sport Life и Спорт Манија, Спортска прогноза, а прогнозерите за поголем дел од натпреварите имаат јасни фаворити.
Колото е супер интересно и предизвикувачко бидејќи има неколку големи дерби-пресметки. Во Премиер лигата се игра градското дерби Манчестер сити – Манчестер јунајтед, во Серија А играат Наполи и Јувентус, во Ла Лига пак Барселона му гостува на Атлетик Билбао, а тука е и најголемото португалско дерби меѓу Порто и Бенфика.
На најинтересниот натпревар, градската пресметка меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а прогнозерите имаат апсолутна доверба во Граѓаните. Дури 83,72 отсто сметаат дека Сити ќе слави, додека само 6,03 отсто се убедени дека Црвените ѓаволи ќе ги освојат бодовите. Во дербито во Серија А, шампионот Наполи иако игра пред своите гледачи, нема голема доверба кај прогнозерите. Само 22,65 отсто се убедени дека Наполи ќе победи, 39,71 отсто дека Јувентус ќе ги освои бодовите, а во нерешен резултат веруваат 37,64 отсто.
Барселона иако во четвртфиналето од шпанскиот Кралски куп беше елиминирана од Атлетик Билбао, има поголема доверба кај прогнозерите (51,08 отсто).
Најголемото португалско дерби ќе се игра на „Драгао“ и Порто според прогнозерите, е поблиску во победата. Во победа на Порто веруваат 51,94 отсто, додека на Бенфика ѝ даваат само 11,46 отсто од прогнозерите.
Прогнозерите имаат свои фаворити и во дел од останатите мечеви, во победа на Лил над Ремс веруваат 65,20 отсто, како и во победи на Жирона над Мајорка (68,47 отсто), на Олимпик Лион над Ланс (66,84 отсто), на Севиља над Реал Сосиедад (59,95 отсто).
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.
Изборот е меѓу трите понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K,
Xiaomi електричен тротинет и
Сони плејстејшн 5.
Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.
Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!