0.8 C
Skopje
четврток, 8 јануари 2026

Манчестер јунајтед е во потрага по нов тренер, веднаш добија „корпа“ од славниот Италијанец

Манчестер јунајтед и Рубен Аморим неочекувано се разделија, по конфликтот на Португалецот со раководството на клубот, па сега великанот од „Олд Трафорд“ е во нова неизвесност.

Екипата на гостувањето кај Барнли ќе ја води Дарен Флечер, но останува нејасно дали тој или Оле Гунар Солскјер ќе бидат привремено решение до крајот на сезоната.

Сепак, раководството размислува и за трајно решение, а таква понуда испратиле во Симоне Инѕаги, но веднаш следувал ладен туш. Славниот Италијанец воопшто и не сакал да преговара за опцијата да биде нов тренер на Манчестер јунајтед.

Инѕаги во моментов е тренер на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, а „црвените ѓаволи“ не можат да му понудат ниту приближно до платата која ја добива на Блискиот Исток.

Сепак, платата не била причината за одбивањето, туку Инѕаги не сакал да биде само уште еден тренер кој минал нив Манчестер јунајтед, со оглед дека на „Олд Трафорд“ се сменија дури десет тренери по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести