Манчестер јунајтед единствен непоразен во ЛЕ, можно осминафинале е Лацио – Рома!

По завршувањето на лигашката фаза од Лигата на Европа, може да се заклучи дека во осумте кола само еден тим не загуби ниту еден натпревар, а тоа е англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој имаше пет победи и три ремија.

Ждрепката за плејофот може да донесе неколку интересни парови. Така, на пример, Рома може да се падне со Порто, а победникот да игра осминафинале со Лацио, па теоретски можно е римско дерби во осминафиналната фаза.

Интересно осминафнале може да биде ако Галатасарај го мине плејофот, потоа му следува битка со Тотенхем или Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести