Манчестер јунајтед доживеа нов шок пред своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со 1-2 и доживеа елиминација од ФА купот.
Гостите поведоа рано, кога Брајан Груда го отвори резултатот во 12-тата минута, а Ѓаволите не успеаја да најдат решение за да возвратат пред паузата.
Во второто полувреме Брајтон ја искористи својата најубава шанса, кога Дани Велбек зголеми на 0-2 во 64-та минута.
Јунајтед успеа делумно да се врати со голот на Бењамин Шешко во 85-та минута, но притисокот во завршните минути не донесе израмнување.
Брајтон го задржа водството и се пласираше во следната рунда, каде ќе го чека ривалот во 1/16 финалето од ова натпреварување.

