-3.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Манчестер јунајтед ги разочара фановите на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер јунајтед и Вест хем ремизираа на „Олд Трафорд“ во последниот меч од 14-тото коло на Премиер лигата. Домашните фудбалери има за што да жалат затоа што со евентуална победа можеа да се израмнат по бројот на бодови со Челзи, кој е на четвртото место на табелата.

По првиот дел немаше голови, а во второто полувреме први се израдуваа домашните играчи. Дефанзивецот Далот реши да тргне во напад, влезе во петерецот, каде што доби една топка и успеа да погоди за 1:0.

Манчестер имаше многу шанси за втор погодок, но откако не беа реализирани, Вест хем тоа го казни. По еден изведен корнер во 83-тата минута, Канте погоди за Вест хем.

табела

- Оглас -

Најнови вести