28.8 C
Skopje
четврток, 25 септември 2025

Манчестер јунајтед го договори трансферот на капитенот на младата репрезентација на Колумбија

Капитенот на младата репрезентација на Колумбија за фудбалери до 17 години, Кристијан Ороско, е нов фудбалер на Манчестер јунајтед. Тој ја предводеше репрезентацијата до финалето на Копа Америка, каде што загубија од Бразил на пенали.

Седумнаесетгодишниот Ороско е централен дефанзивец, но може да игра и како последен играч за врска. Колумбиецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ следното лето во јули, кога ќе наполни 18 години.

- Оглас -

Најнови вести