Манчестер јунајтед го грабна Јоро, Реал Мадрид ќе мора да бара друг дефанзивец

Финансиски надмоќната понуда на Манчестер јунајтед во однос на таа на Реал Мадрид е главниот фактор што младиот француски дефанзивец Лени Јоро кариерата најверојатно ќе ја продолжи кај Црвените ѓаволи од „Олд Трафорд“.

Реал не сакаше да плати повеќе од 40 милиони евра, Јунајтед понуди 62 милиони, па Лил ја прифати понудата на Јунајтед и го притискаше Јоро да замине во Англија наместо во Шпанија, која му беше главна желба.

На Манчестер му се брза да го комплетира трансферот за да не се случи да остане без Јоро во последен момент. Најавено е дека Јоро уште денеска заминува на лекарски прегледи пред да потпише за гигантот од Манчестер.

По заминувањето на Начо и најавата дека Давид Алаба нема да игра до Нова година, Реал сакаше одбраната да ја засили со Јоро, но сега европскиот првак ќе треба да бара друго решение.

- Оглас -

Најнови вести