37.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Манчестер јунајтед го има најскапиот тим во историјата, а резултатите ги нема

УЕФА објави дека најскапиот состав во историјата според парите потрошени за играчите, го имал тимот на Манчестер јунајтед во финансиската 2023 година (без летните трансфери).

Јунајтед дал дури 1,42 милијарди евра кога ќе се соберат сумите за отштета кои се платени за трансфери на играчите кои дојдоа на „Олд Трафорд“.

Најскапо засилување им беше Антони од Ајакс, кого го платија дури 95 милиони евра, а тој првиот гол го даде сезонава, и тоа против третолигаш. Хари Мегваер го донесоа за 87 милиони, Џејдон Санчо за 85 милиони, а тој веќе не е во тимот, го испратија на позајмица во Дортмунд, Касемиро го купија за 70 милиони, иако кога го купија, имаше 30 и кусур години.

Во пресметката не се пресметани трансферите направени летоска, а клубот потроши 74 милиони за Хојлунд, Маунт за 64 милиони, Онана за 50 милиони…

Во моментов, Црвените ѓаволи се испаднати од Европа, а во Премиер лигата се на шестото место.

 

- Оглас -

Најнови вести