Манчестер јунајтед го пронајде својот нов постојан тренер

Ралф Рангник пред неколку месеци потпиша договор со кој ќе го води Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а потоа ќе биде консултант на тимот, советувајќи го раководството за евентуали трансфери и нов тренер.

Но, според последните информации од Англија, раководството на овој тим е задоволно од работата на Германецот и сериозно размислува да му го продолжи тренерскиот договор.

Рангник го водеше клубот на десет натпревари и има учинок од шест победи, три нерешени и еден пораз.

Манчестер сега полека се подготвува за двомечот против Атлетико Мадрид во осмина-финалето од Лигата на шампионите кој ќе се игра на средината на наредниот месец.

 

- Оглас -

Најнови вести