Манчестер јунајтед го сака Ериксен, но Данецот е фокусиран да игра во ЛШ

Кристијан Ериксен е херојот на минатата сезона во европскиот фудбал затоа што тоа е играчот кој преживеа срцев удар, но не само што преживеа, туку неколку месеци подоцна се врати на теренот и блесна во добро препознатливата форма.

Данскиот репрезентативец потпиша шестмесечен договор со Брентфорд и воодушеви со формата, па веднаш го привлече вниманието на повеќе клубови. Манчестер јунајтед и Тотенхем се најзагреани да го доведат Ериксен, а фудбалерот откри дека негова желба е повторно да игра во Лигата на шампионите.

„Имам повеќе понуди кои ги разгледувам и наскоро ќе донесам одлука. Би било убаво повторно да заиграм во Лигата на шампионите. Знам колку е убаво таму да се игра, но тоа нема да биде клучно во донесувањето на мојата одлука“, рече Ериксен, кој сега е слободен играч и може да замине каде што тој ќе одлучи.

 

- Оглас -

Најнови вести