-0.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Манчестер јунајтед го враќа Рубен Невеш во Премиер лигата?

Рубен Невеш покажува желба да се врати во Премиер лигата, а Манчестер јунајтед е подготвен да ја искористи оваа можност за да го засили својот среден ред.

Португалскиот играч беше продаден од Вулверхемптон во Ал-Хилал во 2023 година за 47 милиони фунти, но неговиот договор со саудискиот клуб наскоро истекува. Според англиските медиуми, Ал-Хилал би бил подготвен да се раздели со него за значително пониска сума во јануарскиот трансфер прозорец – околу 20 милиони фунти.

Црвените ѓаволи бараат засилување во средината на теренот, бидејќи иднината на Касемиро, Коби Мејну и Мануел Угарте, кој не ги оправда очекувањата, е неизвесна. Меѓу потенцијалните имиња за оваа позиција се споменуваат Елиот Андерсон, Адам Вортон, Конор Галахер, Карлос Балеба, Тајлер Адамс и Жоао Гомеш.

Покрај Манчестер јунајтед, интерес за Невеш покажува и Порто.

- Оглас -

Најнови вести