Манчестер јунајтед и Арсенал ќе се надигруваат

1010 Манчестер јунајтед – Арсенал (17.30 часот)

Арсенал има максимални 15 бода после пет средби, а ова гостување е вистински тест за нив. Јунајтед е во налет, има три победи по ред, а и Роналдо кој остана во клубот, сега ќе биде максимално фокусиран и треба да почне да дава поголем придонес. Манчестер на последните два меч победуваше со по 1-0, а Арсенал со 2-1. Топчиите се доста ефикасни, имаат дадено 13 гола на пет меча. Реално е средбата да наликува на нивниот последен меѓусебен дуел на „Олд Трафорд“ кој заврши 3-2 за домашните.

Предлог тип: ГГ (1.56)

 

2916 Б. Менхенгладбах – Мајнц (17.30 часот)

Борусија нема пораз во првите четири кола, тешко дека ќе загуби и во петтото. Дома победуваа на првите два дуели на свој терен, но и Мајнц се покажа како опасен гостин, двете победи сезонава му се на гостински терен. Мајнц на четири меча даде вкупно четири гола, а Менхенгладбах прими четири гола во четири меча, па статистички, не би требало да има премногу голови. Во минатата сезона, двата дуели на овие екипи завршуваа со резултатот 1-1.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.35)

 

1372 Вилјареал – Елче (18.30 часот)

Вилјреал добро тргна, има 7 бода по првите три кола и уште нема примено гол. Елче има само еден бод, а на трите досегашни натпревари, постигнаа само еден гол. Жолтата подморница е фаворит, но во следната недела имаат и меч од европските купови, може со мислите да бидат и таму. Во минатата сезона, Вилјареал дома го победи Елче со 4-1, а Елче последен пат победи на гости кај Вилјареал во 2013 година кога двата тима беа второлигаши.

Предлог тип: 1 & 0-3  (2.21)

 

1710 Ница – Монако (20.45 часот)

Ница и Монако се соседи на табелата, освоија само по 5 бода во првите пет кола, што е премалку за нивните амбиции. Ница барем победи во претходното коло, па во попозитивно расположение влегуваат во битката со соседот од Азурниот брег и југот на Франција. Кнезовите на сите пет меча и даваа и примаа гол. Ница од 2020 наваму не знае за домашен триумф над Монако.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.95)

 

3007 Удинезе – Рома (20.45 часот)

Тимот на Мурињо има 10 бода после четири меча. Нападот на Удинезе ќе има мака против една од најцврстите одбрани во Серија А, но и фриулијаните си имаат свои адути. Удинезе има мини-серија од две победи по ред. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 0-2 гола. Удинезе сезонава уште нема примено гол на свој терен, додека римјаните на двете гостувања постигнуваа по еден гол.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.10)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести