1537 Бенфика – Портимоненсе (20.00 часот)
Орлите од Лисабон се лути што во минатото коло загубија убедливо од Брага, тоа беше нивен прв пораз сезонава, и би можеле бесот да го истурат врз Портимоненсе, кој има два порази по ред. Бенфика на 14 меча има примено десет гола, од кои три во минатото коло пред една недела, а Портимоненсе не е тим кој дава многу голови, имаат 13 погодоци на 14 меча. Интересно е дека Портимоненсе победи на „Луж“ во минатата сезона, па тоа е мотив плус за Бенфика да се реваншира.
Предлог тип: T1 3+ (1.79)
1655 Стандард Лиеж – Сент Труиден (20.45 часот)
Стандард освои само еден бод во последните три кола, а Сент Труиден кој има три бода помалку од домаќинот, победи на три од последните четири лигашки мечеви. Стандард многу ретко игра нерешено, уште од октомври нема лигашка победа, а и на пријателските мечеви за време на паузата, не се прославија. Последните две пресметки на овие тимови во Лиеж завршуваа со победи на Сент Труиден од 2-1.
Предлог тип: ГГ (1.77)
1302 Валенсија – Кадиз (21.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои играат во променлива форма. Кадиз е еден од двата најнеефикасни тима во Ла Лига, со 10 голови на 15 меча, затоа се и претпоследни на табелата. Лилјаците го загубија последниот меч во 2022, па ќе пробаат во новата година да тргнат со победа, а и да победат, ќе останат десетти на табелата. Во минатата сезона, двата меѓусебни мечеви им завршуваа со резултат 0-0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.78)
1091 Манчестер јунајтед – Евертон (21.00 часот)
Ждрепката за 32-финалето на ФА купот сакаше меѓусебе да се судрат Црвените ѓаволи и Карамелите. Евертон е во голема резултатска криза во Премиер лигата, проблем му е одбраната, додека Јунајтед е во налет, па ако тоа се пренесе и во купот, гостите нема што да бараат вечерва. Манчестер дома не загубил лигашки меч уште од август, а Евертон од декември 2013 не победил на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.07)
2863 Шатору – ПСЖ (21.00 часот)
Станува збор за 32-финале од францускиот куп, па за очекување е гостите да одморат некои од ѕвездите и да настапат со комбиниран состав. Но, и без Меси, Мбапе, Нејмар, Донарума, во парискиот тим има доволно квалитет да се помине оваа пречка. Шатору е 14-то пласиран во третата француска лига, има серија од пет меча без победа, па тие ќе бидат само спаринг партнер за Светците. Последните два меѓусебни дуели на овие клубови беа во купот во 2004 и 2000 година, ПСЖ победуваше со по 1-0.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.70)