2.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди за Клоп, па експресно добиле „корпа“

Јирген Клоп по заминувањето од Ливерпул најави дека нема да работи како тренер и по една ипол година се уште е така. Неговиот менаџер, Марк Косицке, вели дека интерес се уште постои, но Германецот има една желба – да остане тренер што никогаш не добил отказ.

„Челзи и Манчестер Јунајтед испратија понуди за Клоп откако го напушти Ливерпул, но тој веќе имаше кажано дека нема да води друг клуб во Англија. Тој интерес продолжува. Тој е многу среќен со тоа што го постигна и сѐ уште е неверојатно да се биде во историјата како еден од ретките тренери кои биле на чело на три клуба и никогаш не биле отпуштени.“ – вели Косицке.

Неодамна се шпекулираше дека интерес за Клоп има од Реал Мадрид, но Германецот веднаш изјави дека нема да биде тренер на „кралевите“.

- Оглас -

Најнови вести