19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Манчестер јунајтед и Челзи во преговори за голема размена

Манчестер јунајтед почнал преговори со Челзи за да добие информации околу можноста за трансфер на Николас Џексон, објавуваат медиумите од Англија. Според информациите, Џексон во моментов е еден од главните кандидати за нов напаѓач во редовите на Црвените ѓаволи.

Челзи активно бара нов клуб за Џексон и е подготвен да го продаде откако ангажираше двајца нови напаѓачи, Лијам Делап, за кого интерес покажуваше и Јунајтед, и Жоао Педро.

Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за Џексон, но Челзи бара околу 50 милиони евра за трансферот. Интересно е дека овој трансфер може да се реализира со размена меѓу двата клуба.


Челзи одамна го следи Алехандро Гарначо, за кого се шпекулира дека Јунајтед би можел да го пушти ова лето, а неговата вредност е исто така околу 50 милиони евра.

Доколку падне договор, Манчестер јунајтед и Челзи би можеле да ги разменат Николас Џексон и Алехандро Гарначо.

- Оглас -

Најнови вести