Според пишувањата на „Скај Италија“, Манчестер јунајтед и Јувентус успеале да постигнат договор во кој се вклучени тројца играчи. Во најскоро време се чека да биде објавено дека Ромелу Лукаку го напушта Манчестер за да се пресели во тимот на Старата дама, додека во спротивна насока, односно од Торино кон „Олд Трафорд“ треба да заминат Пауло Дибала и Марио Манџукиќ.
Во изминативе два месеца Лукаку се споменуваше како голема желба на Интер, но многу веројатно е дека големиот ривал Јувентус ќе го добие белгискиот репрезентативец.
Јувентус со овој потег ќе направи две две добри работи. Прво ќе се ослободи од Дибала, кој е ставен на трансфер-листата, како и од ветеранот Манџукиќ, а второ, ќе го добие Лукаку, кој е квалитетен играч и ќе ги расипе плановите на Интер, клубот кој се најавува да биде голем ривал на шампионот во новата сезона.
Манчестер го проценуваше Лукаку на 80 милиони евра, додека Дибала од Јувентус вредеше 70 милиони евра. „Проблемот“ од 10 милиони евра кој се појави треба да го пополни Манџукиќ, кој има 33 години, но неговата трансфер сума е околу 15 милиои евра.
Juventus have been working on a deal for Romelu Lukaku since mid-June. They value Paulo Dybala at €70m and have added Mario Mandzukic to their offer. #mufc still considering due to the Croatian's age. Dybala asks for €10m net per year #mulive [tmw]
— utdreport (@utdreport) July 30, 2019