Манчестер јунајтед и официјално го претстави проектот за новиот стадион (Видео)

Култниот „Олд Трафорд“ и официјално ќе замине во историјата откако раководството на Манчестер јунајтед и официјално го претстави планот за изградба на нов стадион. Капацитетот на стадионот ќе биде за 100.000 гледачи, а комплетната изградба ќе чини 2.34 милијарди евра.

Новиот стадион на Манчестер јунајтед ќе биде најголем во Велика Британија, а според косопственикот на Црвените ѓаволи, Џим Ретклиф, ова ќе биде најубавиот стадион во светот.

Манчестер јунајтед е во финансиска загуба од 1,17 милијарди евра, па јавноста на Островот е зачудена како ќе се финансира изградбата на новиот стадион. Од она што може да се види на видеото кое го објавија на социјалните мрежи, стадионот изгледа навистина фасцинантно, а се очекува да биде готов за пет години.

Црвените ѓаволи играат на „Олд Трафорд“ цели 115 години, односно од 1910 година.

- Оглас -

Најнови вести