Манчестер јунајтед и ПСЖ имаат ист Куп-рецепт, Де Хеа ги насмеа сите (Видео)

Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен забележаа идентични победи од 3:1 во натпреварите на националните купови на Англија и на Франција.

Црвените ѓаволи го победија Евертон со 3:1 на „Олд Трафорд“, а ПСЖ победи со ист резултат на гостувањето кај Шатеру.

И двата гиганти го скршија отпорот на ривалите во второто полувреме, откако по првиот дел беше 1:1.

Најинтересен момент на двата меча беше киксот на голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа во 14. минута кога топката му мина низ нозе, иако беше залепен до стативата, а грешката ја казни Коди со гол за 1:1.

Сепак домаќините победија со погодоците на Ентони, автоголот на Коди и погодокот на Рашфорд од пенал и ќе играат во следната фаза на ФА купот.

И ПСЖ немаше предност на полувремето против второлигашот Шатеру, беше 1:1, но Светците славеа со 3:1 со головите на Екитике и на Солер и на Бернат.

Во меч од шпанската Ла Лига вечерва, Кадис ја изненади и победи Валенсија на „Месталја“ со 1:0 со голот на Алкарас во деветтата минута.

- Оглас -

Најнови вести