Манчестер јунајтед и Севилја ќе треба да разбиваат бункери

1010 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (18.30 часот)

Црвените ѓаволи се наоѓаат само на две позиции над Волците на табелата во Премиер лигата, но имаат шест бода повеќе. Триумф за Јунајтед ќе значи доближување до четвртото место, на кое сега е Арсенал. Вулфс се многу тврда екипа, која по 18 кола има гол-разлика 13-14. Тие се втор најнеефикасен тим, но ја имаат и втората најдобра одбрана според бројот на примени голови. Кај домашните повреден е Погба, но Кристијано Роналдо и другарите немаат пораз уште од 20 ноември. Вулверхемптон има серија од седум меча со 0-1 гол, а и последните три нивни гостувања на „Олд Трафорд“ беа најмногу со еден гол.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.18)

 

1308 Вилјареал – Леванте (19.00 часот)

Ова е дуел на два тима од Валенсија, мини градско дерби во кое сепак домашните се фаворити. Леванте е закован на дното, нема ниту една победа во 18 кола, додека Вилјареал е десетти и има серија од три победи по ред. Барди и другарите се тим со најлоша одбрана во шпанското првенство, во просек примаат по два гола. Жолтата подморница еден месец не знае за пораз, а за Леванте карактеристично е во претходните две кола губеше со резултат 3-4.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1309 Осасуна – Атлетик Билбао (21.00 часот)

Од Памплона до Билбао има 155 километри, па ова е мало локално дерби помеѓу два тима кои се во златната средина на табелата. Атлетик има два бода повеќе, а е и тим со најмногу ремија во лигата (9 нерешени на 18 меча), но на последните седум нивни гостувања кај Осасуна, никогаш не било нерешено. Осасуна дома не победила уште од 2 октомври, односно три месеци. Најголем проблем за гостите е што имаат дури осуммина играчи кои се заразени со корона-вирус, додека кај Осасуна петмина се позитивни на ковид. Сите гостувања на Атлетик сезонава беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.51)

 

2842 Ван – ПСЖ (21.10 часот)

Навивачите на Нант се надеваат на чудо бидејќи победникот од овој двобој ќе биде ривал на Нант во осминафиналето од Купот на Франција. Иако се случувале големи изненадувања во куп-мечевите, а и ПСЖ ќе биде некомплетен, без најголем дел од стартерите, сепак победа на Ван би била сензација. Ван е четвртолигаш, а според резултатите од сезонава, подобар е на гости отколку дома.

Предлог тип: 2>1 (1.74)

 

1310 Кадис – Севилја (21.15 часот)

Севилја е втора, а Кадис е втор од долу на табелата и јасно е дека Севилја е фаворит на ова блиско гостување на кое ќе пропатуваат само 120 километри. Севилја со победа ќе дојде на пет бода негатива од лидерот Реал Мадрид. Кадис има само две победи, но и осум ремија. За нив нерешено би било премија, но шансата им е само ако бидат потценети како во минатото коло, кога извлекоа 0-0 против Реал. Двата тима се многу ослабени, но Севилја секако е појака и има одлична традиција на гостувањата кај Кадис.

Предлог тип: 2 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести