Манчестер ј. игра дома, само 15 отсто очекуваат „кец“, но и тоа е многу кога ќе се види кој му е противникот

Некогаш беше големо дерби, нивните дуели одлучуваа дури и за титулата, а сега е сосема поинаку. Манчестер јунајтед како тим кој е на 14-тото место на табелата во Премиер лигата, на „Олд Трафорд“ е домаќин на Арсенал, кој е второпласиран. Овој дуел е дербито на 23-тото коло на Спортска прогноза, но прогнозерите некако немаат дилеми кој е фаворит.

Арсенал синоќа со 7:1 го растури ПСВ во Ајндховен во меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, па не е чудно што над 55 отсто од прогнозерите предвидуваат дека Топчиите ќе победат и на „Олд Трафорд“. Овој процент реално може да се очекува да расте.

Манчестер јунајтед сезонава е очаен дома и има дури 7 порази во 14 средби, а неодамна на „Олд Трафорд“ беше елиминиран и во ФА купот од Фулам. Затоа и не чуди што едвај 15 отсто од прогнозерите очекуваат да биде „кец“ против Арсенал.

На понудата има уште 12 интересни дуели од најсилните лиги, а главната мисија на секој прогнозер е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 средби. Ако успее во тоа, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодоци ваучерот е 500 денари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести