Манчестер јунајтед игра како во старите добри времиња (Видео)

Манчестер јунајтед оствари важна победа против Астон Вила славејќи на „Олд Трафорд“ со 3-1. Иако првиот дел мина без голови, Ѓаволите се разбудија во второто полувреме и заиграа како во старите добри времиња.

Каземиро го откри резултатот во 53-тата минута, но Рос Баркли израмни единаесет минути подоцна.

Сепак, Матеус Куња погоди за 2-1 во 71-та минута, а Бењамин Шешко десет минути подоцна го постави конечниот епилог.

Нотингам Форест и Фулам ремизираа без голови, а идентично заврши и пресметката меѓу Кристал Палас и Лидс јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести